Достапни линкови

Од МВР велат дека немало напад врз полициските станици во Куманово и во Тетово и дека најверојатно не се работи за бомби.

По информациите дека синоќа биле фрлени две бомби врз полициските станици во Тетово и во Куманово, од Министерството за внатрешни работи демантираат дека овие објекти биле цел на напад на непознати напаѓачи. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека најверојатно не се работи за бомби. Детонациите биле слушнати во близина на полициските станици и за среќа никој не бил повреден, а врз објектите немало причинето никаква материјална штета.

Во моментов се работи на расчистување на сите детали, се уште не е утврдено ниту кои се сторителите, ниту пак кои им биле мотивите. Од првичните анализи, многу веројатно е дека не станува збор за бомби или рачни бомби, како што првично јавија одредени медиуми.

„Во моментов се работи на расчистување на сите детали, се уште не е утврдено ниту кои се сторителите, ниту пак кои им биле мотивите. Од првичните анализи, многу веројатно е дека не станува збор за бомби или рачни бомби, како што првично јавија одредени медиуми“, изјави Котевски.

Полицијата и единицата за антитероризам на МВР извршиле увид на местото на детонациите. Во Куманово од детонацијата незначително било оштетено само едно возило.

Дворот на тетовската полиција.

Дворот на тетовската полиција.

Експлозија на непознато средство во Тетово

Нема повредени, ниту некои значајни оштетувања по вчерашната детонација на експолозивна направа во дворот на тетовската полиција, инфомираат од МВР. Вчера околу 20 часот полициските службеници кои биле дежурни во објектот на СВР Тетово слушнале детонација која доаѓала од правец на оградата. Иако изглегле веднаш надвор, не забележале ниту луѓе, ниту движење на возила. Увидот кој го направиле полицијата, екипа за анти-тероризам и јавен обвинител покажала дека детонацијата е резултат на експлозија на непознато средство или направа на асфалтот до оградата од дворот на СВР Тетово, соопштуваат од МВР.

Неколку детонации во Куманово

Една силна и неколку послаби детонации синоќа слушнале граѓаните на Куманово кои живеат во непосредна близина на задната страна на полициската станица во центарот на градот, на Улицата „Тодор Велков“, спроти влезот на Основното училиште „11 Октомври“. Повредени луѓе и материјална штета нема, а набргу по настанот, како што раскажуваат некои од очевидците, пристигнало возило на итна медицинска помош. Оваа и околните улици биле затворени и обезбедени од полицијата, а екипите од крим службата започнале со увид на местото на настанот. Некои кумановци раскажуваат дека и во поодалечениот дел од градот ја слушнале експлозијата која била многу посилна од вообичаените предизвикани од петарди. Граѓаните се љубопитни за настанот, особено што на истото место беа поставувани експлозивни направи кон крајот на 90-те години од минатиот век. Местото на настанот во претпладневните часови и денеска беше со полициско обезбедување.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG