Достапни линкови

Се почитува примирјето во источна Украина


Илустрација.

Илустрација.

Прекинот на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина во голема мера се почитува и на вториот ден од прогласувањето. Делумно прекршување на примирјето имаше вчера, но двете страни изјавија дека борбите во регионите на Доњецк и Луганск се значително намалени. Украинската војска пријави 11 прекршувања на примирјето, додека бунтовниците соопштија дека украинските сили седум пати го прекршиле прекинот на огнот. Властите се надеваат дека продолжувањето на примирјето може да доведе до повлекување на тешкото вооружување од зоната на конфликт. Сепаратистите најавија дека денеска ќе одржат теле-конференција со украински претставници за да договорат датум за нова рунда мировни разговори за окончување на конфликтот во кој од април досега загинаа повеќе од 3.400 луѓе. На разговорите треба да присуствуваат и претставници од Русија и од ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG