Достапни линкови

Различни бројки за невработените во Македонија


Во октомври имало 20 илјади активни баратели на работа повеќе отколку во август. Надлежните велат дека причината е завршувањето на сезонските работи.

Бројот на невработени луѓе во Македонија расте. Според последните објавени податоци на Агенцијата за вработувањето за октомври, евидентирани се 120.740 невработени активни баратели на работа и 102.100 пасивни. Ново заведени како невработени во октомври се 12 илјади луѓе, а симнати од евиденцијата поради вработување се 3 илјади, додека 2.455 се избришани по законски основ, односно не исполниле критериум за навремено пријавување.

Тие коишто не се јавиле на време сега им истекуваат казните, а и воедно оние што беа сезонски вработени, сега им престанал договорот и нормално се враќаат на евиденцијата за невработени и на тоа се должи најголемото зголемување.
Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Податоците покажуваат тренд на зголемување на бројот на невработените кои се регистрирале како активни баратели на работа. Од почетокот на годинава досега таа бројка е за речиси 25 илјади поголема. Во однос на август, бројката на активни баратели на работа се зголемила за 20 илјади, додека на пасивни баратели е намалена за 12.415. Надлежните неодамна објаснува дека причината за разликата која се појавува е враќањето на сезонските работници во евиденцијата.

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

„Тие коишто не се јавиле на време сега им истекуваат казните, а и воедно оние што беа сезонски вработени, сега им престанал договорот и нормално се враќаат на евиденцијата за невработени и на тоа се должи најголемото зголемување“, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Агенцијата за вработување, со цел да покаже понизок број на невработени и за да се трошат помалку буџетски средства за невработените лица, воведува премногу ригорозни критериуми за запишување како невработен и за задржување на статусот на невработен.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Но, бројките кои ги прикажува агенцијата и оние на државниот завод за статистика драстично се разликуваат. Според анализата на Државниот завод за статистика „Македонија во бројки 2014“ во земјава има вкупно 270 илјади невработени.

Професор Здравко Савески вели дека причината за разликата од 50 илјади се должи на различна методологија. Тој објаснува дека државниот завод за статистика води евиденција според Еуростат критериуми, односно дека еден човек кој што изработил најмалку еден час во неделата се смета за вработен.

„Она што е парадоксално во Македонија, а се случува во последните години, е бројката на лица кои се невработени според Агенцијата за вработување да биде понизок од либералниот критериум што го има Заводот за статистика и тука е голем проблем кој индицира дека има одреден број невработени лица кои не се идентифицирани како такви во Агенцијата за вработување“, вели Савески.

Тој додава дека се воведува една нова категорија на луѓе на невработени луѓе кои се неевидентирани.

„Агенцијата за вработување, со цел да покаже понизок број на невработени и за да се трошат помалку буџетски средства за невработените лица, воведува премногу ригорозни критериуми за запишување како невработен и за задржување на статусот на невработен“, вели Савески.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG