Достапни линкови

Предавање на Нобеловата награда за мир


Денеска во Осло ќе им биде предадена Нобеловата награда за мир на годинашните добитници Малала Јусафзаи од Пакистан и на активистот за детски права Каилаш Сатијарти од Индија. Пред церемонијата тие ја истакнаа важноста за обединување на луѓето без оглед на границите и верите со едуцирање на децата и со нивно ослободување од сиромаштија. 17 годишната Малала која во 2012 година беше застрелана од талибанците поради нејзината кампања за едуцирање на девојчињата во Пакистан најави политичка кариера откако ќе го заврши студирањето во Британија.

XS
SM
MD
LG