Достапни линкови

Рускиот тајкун Усманов ќе го врати Нобеловиот медал


Алишер Усманов

Алишер Усманов

Еден од најбогатите руси, Алишер Усманов соопшти дека тој го откупил Нобеловиот медал од Џејмс Ватсон со цел да му го врати на американскиот научник. Усманов вели дека бил потресен од тоа што Ватсон бил принуден да го продаде златниот медал за неговата Нобелова награда. „Ватсон е еден од најголемите биолози во историјата на човештвото и неговата награда за откривањето на структурата на ДНК мора да биде кај него“, наведува Усманов. Медалот добиен во 1962 година беше продаден за 4 милиони долари на акција во минатата недела. 86 годишниот Ватсон планирал дел од парите да ги даде за хуманитарни акции и за поддршка на научни истражувања. Според магазинот „Форбс“, богатството на Усманов изнесува на 15 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG