Достапни линкови

Кери бара нови воени овластувања во борбата против ИД


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери побара од Конгресот нови воени овластувања во борбата против милитантите на Исламската држава. Тие, според предлогот на американската администрација, би биле со важност од три години, со цел да не биде неопходно постојано барање дозвола од Конгресот. Кери изјави дека конгресмените не би требало да го ограничуваат претседателот Барак Обама да распореди копнени сили во Ирак и Сирија доколку тоа се покаже за неопходно.

XS
SM
MD
LG