Достапни линкови

САД ја поздравија новата влада на Косово


Соединетите држави го поздравија формирањето на новата косовска влада. Претходно косовскиот парламент ја изгласа влада на чие чело е Иса Мустафа, поранешен градоначалник на Приштина. До ова дојде откако Демократската лига на Мустафа потпиша коалициски договор со Демократската партија на Хашим Тачи кој ја водеше земјата од нејзиното осамостојување во 2008 година. Со овој договор заврши политичкиот ќорсокак по изборите во јуни годинава. Американскиот државен секретар Џон Кери во изјавата оценува дека формирањето на коалициската влада ја демонстрира виталноста на косовските демократски и политички институции.

XS
SM
MD
LG