Достапни линкови

Русија ќе гради нуклеарна централа во Унгарија


Илустрација.

Илустрација.

Москва и Будимпешта потпишаа договор за завршување на изградбата на нуклеарната централа Пакс во Унгарија. Комесарот на унгарската влада за овој проект, Атила Ашоди, денеска рече дека договорите за централата биле потпишани со руската фирма Атоменергопром. Според договорот, руската компанија ќе изгради нови два реактори во централата, која ја снабдува Унгарија со повеќе од половина од потребната струја. Централата што своевремено ја изградил Советскиот Сојуз сега има четири реактори со капацитет од околу 2000 мегавати. Двата нови реактори ќе го зголемат капацитетот за 2000 до 2400 мегавати. Договорот предвидува и одржување и снабдување со гориво. Русија исто така и позајми на Унгарија 10 милијарди евра за изградба на реакторите. Ашоди рече дека Унгарија добила гаранции дека Русија нема да се откаже од проектот, како што направи со гасоводот Јужен тек.

XS
SM
MD
LG