Достапни линкови

Ставрос Димас кандидат на грчката влада за претседател на земјата


Поранешниот еврокомесар и член на владејачката Нова демократија Ставрос Димас (73) денеска беше номиниран од премиерот Андонис Самарас за кандидат на владејачката коалиција за претседател на Грција. Според Самарас, изборот на претседател од Парламентот, чиј прв круг е закажан за 17 декември, треба да заврши до крајот на декември. Планот за избор на нов претседател од парламентот предвидува тоа да се изврши во првото тримесечје на 2015 година. Грчката влада синоќа сепак одлучи да ја забрза постапката за избор на претседател, закажувајќи го првиот круг за 17 декември. Ако на првиот круг не биде избран нов претседател ќе има ново гласање на 23 декември, а ако тоа не биде успешно, на 29 декември ќе се одржи трето.

XS
SM
MD
LG