Достапни линкови

Хејгел - САД може да има само споредна улога во Ирак


Архивска фотографија: Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Архивска фотографија: Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека САД може само да дава поддршка во Ирак, додека ирачките сили имаат водечка улога во борбата против Исламската држава и другите предизвици. Тој ова го изјави пред американските и австралиски војници на аеродромот во Багдад во неговата ненајавена посета на Ирак, што е негова последна посета на странска држава како шеф на Пентагон. Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, пак, побара од Хејгел повеќе воздушни напади од западните сили против борците на Исламската држава, како и повеќе тешко вооружување за борба против нив. Тој рече дека ирачките сили напредуваат на копно, но оти им треба поголема воздушна поддршка и повеќе тешко вооружување.

XS
SM
MD
LG