Достапни линкови

logo-print

Изгласана новата косовска влада


Иса Мустафа.

Иса Мустафа.

Косовското Собрание денеска ја изгласа новата влада на премиерот Иса Мустафа, кој е поранешен градоначалник на Приштина. Демократската лига на Косово на Мустафа коалицира со Демократската партијата на Косово на досегашниот премиер Хашим Тачи, кој во новата влада ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи. Со изборот на нова влада е ставен крај на политичкиот ќор-сокак во кој Косово влезе по предвремените избори во јуни годинава. Мустафа, за коалицирањето со Тачи се соочува со критики од дел од неговите поддржувачи.

XS
SM
MD
LG