Достапни линкови

Меѓународниот олимписки комитет го прими Косово


Меѓународниот олимписки комитет го прими Косово за полноправна членка, а за таквата одлука гласаа сите присутни членови на Извршниот одбор. Денешната седница на Извршниот одбор на Комитетот се одржа во Монако, Франција, а одлуката за приемот на Косово кое стана 205 членка негативно одекна во Србија. Косово, по приемот во меѓународното семејство на олимписки комитети, се стекна со право да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кои ќе се одржат во 2016 година.

XS
SM
MD
LG