Достапни линкови

Мерки за безбедност пред новиот извештај на ЦИА


Во сите американски објекти во светот е подигнат степенот на безбедност пред за денеска планираното објавување на извештајот на ЦИА за тајните испрашувања на оваа Агенција во борбата против тероризмот. Белата куќа соопшти дека во амбасадите и другите објекти биле преземени мерки поради „индикации на зголемена опасност“. Извештајот е прво јавно документирање на наводната употреба на тортура од страна на ЦИА врз осомничени припадници на Ал Каида по терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001-ва година. Оваа програма на ЦИА беше стопирана од претседателот Барак Обама во 2009 година.

XS
SM
MD
LG