Достапни линкови

logo-print

Во Украина „Ден на тишината“


Украинските владини сили и проруските сепаратисти за денеска прогласија Ден на тишината со цел запирање на борбите во источниот дел на земјата. Претседателот Петро Порошенко објави дека украинската војска денеска нема да употребува оружје, а тоа го соопштија и некои проруски бунтовници кои држат под контрола делови од регионите околу Доњецк и Луганск. Според Порошенко, за денеска бил предвиден и состанок меѓу двете страни во Минск, но според лидерите на проруските сепаратисти, состанокот бил најавен за 12 овој месец. Официјална Москва соопшти дека ги преземеа сите мерки со цел тој состанок да се оствари во текот на оваа недела.

XS
SM
MD
LG