Достапни линкови

logo-print

Сојузниците со нови сили против милитантите на ИД


Американскиот генерал Џејмс Тери изјави дека сојузничката коалиција, предводена од Соединетите држави, против милитантите на Исламската држава ветиле дека ќе испратат дополнителни илјада и 500 војници во Ирак. Тери, кој ги координира активностите против милитантите, прецизира дека овие војници ќе бидат дополнување на над 3 илјадите американски војници кои треба да ги тренираат ирачките и курдските сили. Тој не соопшти од кои земји ќе бидат новите војници.

XS
SM
MD
LG