Достапни линкови

logo-print

Концентрацијата на моќта создава корупција


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска предупреди против концентрацијата на моќта и распространетата корупција во Иран, велејќи дека корупцијата се шири кога оружјето, парите и медиумите се концентрирани во една институција. Се смета дека ваквите забелешки на Рохани се насочени кон Иранската револуционерна гарда, која освен воени, има и економски, политички и медиумски активности.

„Монополот е причина за корупција и ние мора да се бориме против монополите. Сè што нема конкуренција или чие управување е монополизирано е недостаток“, рече Рохани на антикорупциската конференција во Техеран.

XS
SM
MD
LG