Достапни линкови

Газпром основа нова компанија за гасоводот до Турција


Рускиот државен енергетски гигант Газпром соопшти дека ќе основа нова компанија за изградба на гасоводот до Турција, неколку дена откако претседателот Владимир Путин го најави проектот. Портпаролот на Газпром, Сергеј Куприанов, денеска соопшти дека компанијата ќе биде регистрирана во Санкт Петерсбург и ќе се вика „Газпром Рускаја“. Минатата недела Путин рече дека Русија се откажува од гасоводот Јужен тек и наместо тоа ќе гради гасовод до Турција. Тој исто така рече дека Русија би можела да изгради центар за дистрибуција на природен гас на грчко-турската граница за снабдување на Европа со гас. Новиот гасовод под Црното Море треба да има годишен капацитет од 63 милијарди куни метри гас. Околу 14 милијарди ќе бидат за Турција, а остатокот би требало да оти до центарот на грчко-турската граница.

XS
SM
MD
LG