Достапни линкови

ОН бараат над 16 милијарди долари за хуманитарна помош


Валери Амос.

Валери Амос.

ОН соопштија дека наредната година ќе им требаат 16,4 милијарди долари за помош на 57 милиони најзагрозени луѓе на светот. Тоа е рекордно барање за хуманитарна помош на ОН, со оглед на тоа што лани бараа 13 милијарди долари. Најголемиот дел од оние на кои им е потребна помош живеат во земји погодени од конфликт.

„Се соочуваме со потреби од невидени размери“, рече денеска шефицата за хуманитарни работи на ОН, Валери Амос на прес-конференција во Женева.

ОН бараат 2,8 милијарди долари за помош на раселените од конфликтот во Сирија и уште 3,25 милијарди долари за помош на сириските бегалци во соседните држави.

XS
SM
MD
LG