Достапни линкови

logo-print

Русија забрани увоз на овошје и зеленчук од Албанија


Илустрација.

Илустрација.

Руските власти воведоа привремена забрана за увоз на зеленчук и овошје од Албанија, откако повеќепати се откриени обиди преку таа држава да се оствари извоз на производи од ЕУ во Русија која со контра-санкции забрани храна со потекло од ЕУ. Забраната се однесува за целокупното овошје и зеленчук што се увезува од Албанија или од трети држави преку Албанија.

„Албанската страна достави 21 потврда за фитосанитарна исправност од кои 20 потврди беа фалсификати. Врз основа на тоа, заклучивме дека Албанија се користи за испорака на производи од ЕУ во Русија, чиј увоз е забранет“, се вели во соопштение од руската служба.

Освен тоа, албанската страна не доставила дополнителни документи и не презела мерки за спречување на такви испораки.

XS
SM
MD
LG