Достапни линкови

logo-print

Риабков - Aмериканските санкции се за соборување на Путин


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков изјави дека Москва нема да се предаде пред американските санкции кои имаат за цел соборување на претседателот Владимир Путин од власт. На собраниската расправа за американско-руските односи, тој денеска рече дека Москва „не е подготвена на отстапки пред САД за суштински прашања“ и оти бара „баланс на интересите“.

САД и ЕУ воведоа економски санкции поради руската анексија на Крим од Украина во март годинава и поддршката од Москва за проруските сепаратисти во источна Украина.

Риабков пред Државната дума рече дека целта на американските санкции е „да создадат социјални и економски услови за промена на власта во Русија“. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на 22 ноември изјави дека Западот „врши притисок за промена на власта“ во Русија.

XS
SM
MD
LG