Достапни линкови

СДСМ или СДСП


Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Немоќниот СДСМ, тонејќи во очај поради огромните реформи во образованието, свесни дека со значителните реформи секое дете има можност да студира, од СДСМ се преименуваа во СДСП. Доколку претходно беа Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последниве месец дена тие се Социјалдемократски студентски пленум, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Ако погледнеме наназад низ историјата, на контото на студентите им се припишале неколку големи протести. Целта на сите е една: да се промени нешто суштинско во рамките на општеството, да се промени нешто во однос на функционирањето на тоа општество или да се променат стари навики на владеење доколку претходно имало диктаторско владеење. Или, една единствена цел, да се издејствуваат реформи во одредена рамка.

Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ почна со реформите во образованието кои во континуитет се случуваат и денес.

Во 2006 година во Чиле, 790 илјади студенти својата правда ја бараа на улица. Овој протест се смета за еден од најмасовните и најголемите протести, каде што директен судир имаа студентите со Претседателот на Чиле, Мишел Бачелет, со реални побарувања за решавање на пропустите коишто не биле доволно имплементирани со законот за образование „Loce“ кој бил донесен во 1990 година, на последниот ден од владеењето на диктаторот Пиноче. Сума сумарум, студентите барале реформи во образованието за да им се подобри квалитетот на образованието во својата земја.

Во Република Македонија од 2006 година до денес, во секој ресор има реформи во голема мера, кои ќе се случуваат и понатаму, Македонија да може да излезе од транзициското сивило во кое се наоѓаше и да се исправат грешките од минатото кои се плод на претходните системи кои немале потреба да ги идентификуваат своите грешки и проблеми. Всушност, програмата на ВМРО-ДПМНЕ од изборите наназад беше насловена „Преродба во 100 чекори“.

Нејсе, за грешките и проблемите од претходните системи, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ имаше енергија и храброст да ги идентификува проблемите од минатото и да воведе реформи кои ќе бидат сервилни за граѓаните, притоа да бидат опфатени сите.

Во 90-тите години, одредени политички структури работеа против образованието и против македонските студенти. Резултат на тоа, масовно студентите излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија и го искажаа своето незадоволство, со кулминација - штрајк со глад. Воедно, тоа беше она време кога привилегија за студирање имаа само децата на богатите функционери на СДСМ.

Во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ почна со реформите во образованието кои во континуитет се случуваат и денес. И тоа, свесни за дотогашните пропусти во образованието, од 2006 досега на контото на студентите и образованието отидоа безброј проекти. Посебно ме прави горд намалувањето на партиципацијата и можноста да секој биде еднаков со секого во однос на студирањето. Посебно ме прави горд и можноста да се отвори државен факултет со дисперзирани студии, за да не секој мора да се пресели во Скопје и да студира. Посебно ме прави горд можноста студентите да добијат стипендија од државата на најугледните светски универзитети. Според квалитет се разбира, бидејќи во 90-тите години стипендии се делеа според родител-старател. Ако е од СДСМ ќе добиеш, инаку ништо.

Значи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и самата беше свесна дека треба да се менуваат многу работи во образованието за да се подобри, да се даде на квалитет и да се доближи до секој оној кој сака да се едуцира. За сето она што студентите протестираат ширум светот, за реформи во образованието, за смалување на цената на високото образование и слично. Свесна за потребата од реформи, Владата на ВМРО-ДПМНЕ сето ова го спроведе самата.

Немоќниот СДСМ, тонејќи во очај поради огромните реформи во образованието, свесни дека со значителните реформи секое дете има можност да студира, од СДСМ се преименуваа во СДСП. Доколку претходно беа Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последниве месец дена тие се Социјалдемократски студентски пленум.

Доколку претходно беа Социјалдемократски сојуз на Македонија, во последниве месец дена тие се Социјалдемократски студентски пленум.

Преку својата младина и со новото име, прави крајни обиди да ги изманипулира студентите. Целта е постигната, студентите се изманипулирани. Кога уште не се знаеше во која форма ќе биде регулирано испитувањето, манипулирајќи ги студентите, СДСП успеаја да организираат протест. Сега, кога се знае формата и начинот, кога не е екстерно како што СДСП милуваат да го кажат, кога е Државен испит, повторно има протести. Зошто? Бидејќи фондовите на Сорос, професорите блиски до СДСП и СДСП ги изманипулираа студентите, користејќи ги за сопствени политички цели.

Студентите се авангарда на секое општество. Студентите се иднината на секоја држава. Студентите се моќта на државата. Студентите не смеат да дозволат да бидат манипулирани. Студентите не се маса на луѓе кои што се продолжена рака на секоја опозиција. Студентите се реална структура на млади луѓе кои треба да се борат за поквалитетно образование, а не да дозволат да бидат манипулирани и да служат некому за политички цели.

Силата е во единството, е добро позната изрека. Но силата е во единството помеѓу студентите и оној кој што им помага, воведува реформи и проекти, им дава реални можности за квалитетни студии. Силата не е во единството помеѓу студентите и манипулаторите кои се обидуваат да ги искористат студентите за свои политички цели.

Нашето демократско општество нуди форми на различни работилници, јавни дебати, институционални соработки и дебати. Вклучувајќи се преку овие форми, студентите имаат можност да си го искажат својот став, со цел подобрување на квалитетот на образовниот систем. Можноста да се учествува во нив е едноставна, а начинот да се искаже мислењето е подобар.

Со овие протести јасно се дава до знаење дали студентите можат да бидат изманипулирани или не можат. Поддршката на овие протести е поддршка за манипулаторската политика на СДСМ, т.е. СДСП. Студентите не смеат да потпаднат под манипулации.

XS
SM
MD
LG