Достапни линкови

Церемонија за завршување на мисијата ИСАФ во Кабул


Илустрација.

Илустрација.

САД и НАТО со свечена церемонија го одбележаа завршувањето на воената мисија во Авганистан по повеќе од 13 години од инвазијата во оваа земја и соборувањето на талибанците од власт. Заедничката команда на мисијата ИСАФ денеска го спушти своето знаме во Кабул, официјално ставајќи крај на мисијата. Командантот на американските и силите на НАТО, генерал Џон Кемпбел, изјави дека новата мисија, наречена „Одлучна поддршка“, која започнува на 1 јануари, ќе обезбеди обука и поддршка за авганистанските сили. Во Авганистан ќе останат околу 13 илјади странски војници во неборбена мисија. Во 2011 година, на пример, во земјата имаше 140 илјади странски војници. Од почетокот на војната досега загинаа околу 3.500 странски војници, од кои најмалку 2210 Американци.

XS
SM
MD
LG