Достапни линкови

Русија поддржува мировни разговори за Украина


Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков.

Русија изрази силна поддршка за планот оваа недела да се одржи нова рунда разговори, како дел од напорите за окончување на конфликтот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина. Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно рече дека е постигнат прелиминарен договор средбата да се одржи утре во Минск. Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска рече дека Русија „прави сè за одржување на состанокот на контакт групата оваа недела“ и оти мисли дека тоа ќе се случи, но не наведе конкретен датум. Најмалку еден проруски сепаратистички лидер во источна Украина рече дека разговорите треба да се одржат кон крајот на неделава. Порошенко изјави дека се надева оти новите разговори ќе доведат до вистинска имплементација на договорот за прекин на огнот од 5 септември кој не успеа да го запре конфликтот.

XS
SM
MD
LG