Достапни линкови

logo-print

Штајнмаер во посета на Грузија


Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер е во посета на Грузија. За време на дводневната посета, тој се среќава со неговата грузиска колешка Тамар Беручашвили, премиерот Иракли Гарибашвили и со претседателот Гиорги Маргвелашвили. Германската амбасада во Тбилиси соопшти дека ќе се разговара за изградба на меѓународно германско училиште во Тбилиси. Штајнмаер, заедно со неговиот француски колега Лорен Фабиус, го посети Тбилиси и во април годинава. Тој ја почна посетата еден ден откако грузиското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до Русија поради тоа што минатата недела одржа воени вежби во Јужна Осетија.

XS
SM
MD
LG