Достапни линкови

Хејгел: воената работа на САД во Авганистан не е готова


Чак Хејгел

Чак Хејгел

Шефот на Пентагон Чак Хејгел оцени дека американската воена мисија во Авганистан не била завршена. Тој ова го изјави во американската воена база во источниот авганистански град Џалалабад, додавајќи дека за Соединетите држави и сојузниците било клучно да обезбедат прогресот постигнат во таа земја да не биде поткопан откако кон крајот на месецов, меѓународните сили ќе бидат намалени на околу 13 илјади војници. Тоа беше последна посета на Хејгел на Авганистан како американски министер за одбрана. Тој во минатиот месец поднесе оставка, а на негово место претседателот Барак Обама го номинира Ештон Картер, физичар и екс заменик министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG