Достапни линкови

Тајфунот Хагупит се приближува кон Манила


Тајфунот Хагупит со послаб интензитет се приближува кон филипинскиот главен град Манила. Најмалку три лица загинале откако силното невреме ги зафати Филипини пред два дена. Над милион луѓе биле принудени да ги напуштат домовите во источните и централните делови на таа земја. Во Манила денеска училиштата и државните служби се затворени. Во минатата година во тајфунот Хаијан кој ги погоди централните делови на Филипини загинаа над 7 илјади и 300 луѓе.

XS
SM
MD
LG