Достапни линкови

logo-print

Груевски:Жената треба да биде успешна во кариерата, но и во семејството


На годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Никола Груевски оцени дека во денешно време современата жена треба да биде активна и успешна на работното место, во градењето на кариерата, но и како што рече посветена и успешна и во кругот на своето семејство. Претседателката на унијата на жени Даниела Рангелова оцени дека во изминатите години во Македонија биле направени многу значајни чекори за подобрување на општествената улога на жената. Осврнувајќи се на улогата на жената во општествениот живот, таа ја потенцира и улогата на жената како мајка. Инаку конференцијата што се одржа во Универзалната сала беше под мотото „Дел од новото време, дел од нашето движење“.

XS
SM
MD
LG