Достапни линкови

Иран го зголемува буџетот на војската


Иранскиот претседател Хасан Рохани предложи зголемување на буџетот за војската за идната година за 33 отсто. Најголем дел од парите се предвидени да одат за елитната иранска револуционерна гарда. Нацрт-буџетот се основа на цената на нафтата од 70 долари за барел. Минатата недела пак глобалната цена на нафтата беше под таа сума. Според договорот со шесте светски сили инволвирани во разговорите за иранската нуклеарна програма Техеран има пристап до 700 милиони долари месечно од приходите од нафта кои се замрзнати во странство.

XS
SM
MD
LG