Достапни линкови

Американците му предадоа тројца затвореници на Исламабад


Американската војска во Авганистан соопшти дека на Исламабад му предале тројца притвореници. Во соопштението објавено денеска војската наведува дека трансферот се случил вчера. Неименуван претставник на американските безбедносни сили рекол дека еден од тројцата, Латиф Мехсуд, бил висок палестински талибански командант, близок до Хакимула Мехсуд, поранешниот лидер на пакистанските талибанци кој беше убиен минатата година.
Американските сили го имаа заробено во октомври лани. Трансферот се совпаѓа со посетата на американскиот секретар за одбрана во заминување Чак Хејгел.

XS
SM
MD
LG