Достапни линкови

Тачи: Утре потпшување на коалициски договор со ДСК


Лидерот на Демократската партија на Косово и премиер во заминување Хашим Тачи најави денеска дека утре ќе потпише коалициски договор со Демократскиот сојуз за Косово чиј лидер е Иса Мустафа. Тачи и Мустафа денеска имале состанок во простории на косовското собрание. Претседавачот со косовското Собрание Фљора Бровина закажа за утре во 12 часот конститутивна седница на Собранието. Извори од ДСК во изјава за Блиц на албански јазик, велат дека премиер ќе биде Мустафа.

XS
SM
MD
LG