Достапни линкови

Меркел:Русија се обидува да го зголеми влијанието во Западен Балкан


Германската канцеларка Ангела Меркел ја обвини Москва дека се обидува да го зголеми своето влијание во земјите од Западен Балкан и да ги направи политички и економски зависни од нив. Таа во интервјуто за германскиот весник “Велт ам Зонтаг” ја обвини Русија и за мешање домашните работи на земјите од источна Европа кои сакаат да имаат поблиски врски со Европската унија. Меркел додаде дека Молдавија, Грузија и Украина имале донесено одлуки за потпишување на пристапниот договор со ЕУ и дека Русија создала проблеми за сите три земји. Во тој контекст таа посочува на замрзнатиот конфликт во отцепените региони како молдавскиот Трансдњестар, грузиските Абхазија и Јужна Осетија, како и мешањето на Русија во источна Украина. Русија го покажа своето несогласување со проевропскиот курс на Молдавија минатиот месец со забраната за увоз на молдавски вина, зеленчук и месо. Минатиот месец Москва потпиша и договор за стратегиско партнерство со Абхазија што предизвика силни критики од НАТО и ЕУ.


XS
SM
MD
LG