Достапни линкови

Шест затвореници го напуштија Гвантанамо


Шест затвореници денеска го напуштија американскиот воен затвор Гвантанамо во Куба и заминаа во Уругвај каде што ќе бидат преселени. Ова е најголемата група што го напушта Гвантанамо од 2009 година. Во неа има четворица Сиријци, еден Тунижанец и еден Палестинец. Шестмината кои беа во затворот повеќе од декада откако стигнаа во главниот град на Уругвај, Монтевидео беа преземени во болница на медицински проверки. Претседателот Барак Обама кога дојде на функцијата вети дека наскоро ќе го затвори Гвантанамо, но не беше во можност да го стори тоа.
Седум други луѓе одделно минатиот месец беа преместени од затворот во други земји, меѓу кои тројца во Грузија, двајца во Словачка, еден во Саудиска Арабија и еден во Кувајт. Во затворот отворен во 2001 година останаа уште 136 затвореници.

XS
SM
MD
LG