Достапни линкови

logo-print

Турција забранила влегување на 7000 џихадисти


Турција забрани влегување во државата на повеќе од 7.000 осомничени странски џихадисти кои сакаат да заминат во Ирак и во Сирија, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој ова го изјави на конференција на ОБСЕ во Базел. Како што информираше Чавушоглу Турција на листата за забрана за влегување во земјата ставила 7.200 имиња. Тој додаде и дека од 2011 година депортирале повеќе од илјада осомничени странски терористи , но дека некои од нив повторно завршувале на нивната граница.

XS
SM
MD
LG