Достапни линкови

Убиени четворица бунтовници во Пакистан


Во напад на американско беспилотно летало загинале најмалку четворица осомничени бунтовници во пакистанскиот племенски регион блиску до границата со Авганистан. Пакистанските воени власти денеска соопштија дека безпилотното летало ја погодило куќата во која биле бунтовниците, а двајца од нив се повредени. Според извори на Ројтерс убиен е и еден висок член на Ал-Каеда од регионот. Нападот доаѓа ден откако пакистанските сили сооптшија дека убиле еден од лидерите на екстремистичката организација Аднан ел-Шукриџумах.

XS
SM
MD
LG