Достапни линкови

Оланд и Путин разговарале за украинската криза


Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера беше во кратка посета на Русија и во дипломатскиот терминал на московскиот аеродром Внуково се сретна со рускиот колега Владимир Путин. Детали од разговорите на двајцата лидери се уште нема, но Оланд рекол дека разговорале за проблемите во врска со украинската криза. Путин пак излегувајќи од средбата рече дека Русија го почитува територијалниот интегритет на Украина и се надева на спроведување на прекинот на огнот и на дополнителна размена на затвореници.

XS
SM
MD
LG