Достапни линкови

Кери разочаран од обвинението за новинарот на Вашингтон пост


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека е длабоко разочаран од извештаите дека репортерот на Вашингтон пост кој се наоѓа во притвор во Иран повеќе од четири месеци и формално е обвинет. Вашингтон пост вчера објави дека Џејсон Резаиан поминал околу десет часа во судот во Техеран додека неговиот случај бил разгледуван од судијата. Повикувајќи се на извори блиски до случајот, весникот наведува и дека Резаиан потпишал и документ во кој пишува дека тој е обвинет.
Но причините за обвинението не се јасни. Кери во соопштението наведува и дека е разочаран од постапката во случајот со новинарот, вкучувајќи го и одбивањето на правото на адвокат. Тој нагласува и дека тоа е кршење на иранското и меѓународното право, додавајќи дека Резаиан треба итно да биде ослободен. Новинарот всушност е ирански Американец и има двојно државјанство. Тој беше уапасен на 22 јули со неговата сопруга која исто така е новинарка, но таа подоцна беше ослободена.

XS
SM
MD
LG