Достапни линкови

Бајден:Не е време за нови санкции против Иран


Американскиот заменик претседател Џо Бајден ги отфрли барањата за нови санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. Според него сега не е време да се ризикува и да се дојде до прекин, кога како што рече, се уште има шанси да се дојде до напредок. Бајден, кој зборуваше на форум во институтот Брукингс во Вашингтон, рече и дека веќе воспоставените санкции за Иран ја забавуваат економијата на земјата, а со тоа и нуклеарната програма. Иран и шесте светски сили минатиот месец не успеаа да го надминат 12 годишното несогласување за иранската нуклеарна програма и си дадоа уште седум месеци за наоѓање на решение.

XS
SM
MD
LG