Достапни линкови

Временска прогноза:Променливо облачно со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, со почести врнежи во северозападните и југоисточните делови од земјата. Ќе дува слаб северoисточен ветер. Во утринските часови во дел од котлините ќе има услови за слаба магла. Температурата ќе се движи од шест до 14 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб северoисточен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.

XS
SM
MD
LG