Достапни линкови

Чеченија:Нови мерки за казнување на терористите


Промосковски ориентираниот чеченски лидер објави нови казнени мерки за тероризам кои се наменети и за членовите на семејствата на оние кои извршиле терористички акт. Лидерот Рамзан Кадиров прецизираше дека со новите мерки се предвидува ако вооружено лице убие полицаец или друго лице, неговото семејство веднаш да биде иселено од Чеченија без право на враќање, а нивниот дом ќе биде разурнат. Оваа најава доаѓа ден по нападот во чеченскиот главен град во кој загинаа 24 луѓе.

XS
SM
MD
LG