Достапни линкови

logo-print

Самарас и Давутоглу се заложија за подобрување на соработката


Премиерите на Грција и на Турција Андонис Самарас и Ахмет Давyтоглу денеска се заложија за унапредување на односите меѓу двете земји и решавање на кипарксата криза преку понатамошни преговори и соработка. Во заедничкото соопштение по средбата во Атина премиерите укажуваат и на важноста од спојувањето на трансјадранскиот и трансанадолискиот гасовод што, како што е оценето, претставува најисплатливата касписка рута до западна Европа. Самарас изрази и поддршка за европската интеграција на Турција кога ќе ги исполнела условите за тоа.Давутоглу е во дводневна посета на Атина во чии рамки заедно со грчкиот колега се обратија и на грчко-турскиот бизнис форум а потпишаа и 46 договори за соработка. Тој е придружуван од девет министри и 200 бизнисмени,.

XS
SM
MD
LG