Достапни линкови

Нема да се менуваат личните документи поради новиот државен грб


Нацрт-законот за државен грб на Република Македонија којВладата го усвои вчера не предвидува граѓаните да мора веднаш да вадат нови лични документи кои би го содржеле новото решение на грбот, изјавил за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој истакна дека граѓаните нема да имаат обврска веднаш да ги менуваат своите лични документи. Согласно нацрт-законот, актуелните лични карти и пасоши кои тие ги поседуваат во моментот, ќе продолжат да важат до рокот на нивната важност кој е впишан во документите.

XS
SM
MD
LG