Достапни линкови

logo-print

Оланд се сретна со Путин


Францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш по пристигнувањето во Москва денеска се сретна со својот руски колега Владимир Путин. Тој на Путин како што јавуваат агенциите му рекол дека постојат времиња во кои треба да се зграпчат можностите и дека ова е такво време. Путин пак зборувал за комлицирани проблеми за кои е потребна дискусија но додал и дека кратката работна посета на Оланд несомнено придонесува за решавање на многуте проблеми. Двајцата лидери потоа заминале на разговор зад затворени врати.

XS
SM
MD
LG