Достапни линкови

Министри, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи го споделуваат, како што велат, новиот грб на Република Македонија. И од ДУИ попладнето сооптшија дека тој е прифатлив за нив

Откако владата соопшти дека синоќа на седница усвоила нацрт- закон за нов државен грб, претпладнето министрите и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на социјалната мрежа Фејсбук веќе споделуваа честитки за новото обележје, црвен разгневен лав во златно – жолт штит со мурална круна во форма на тврдина во горниот дел.

Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својата страница на Фејсбук сподели и компјутерски обработена фотографија од македонскиот пасош на чии корици го има тукушто предложениот нов грб, лавот, коментирајќи дека убаво ќе го личел.

Министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својата страница на Фејсбук сподели и компјутерски обработена фотографија од македонскиот пасош на чии корици го има тукушто предложениот нов грб, лавот, коментирајќи дека убаво ќе го личел. Уште синоќа, нејзиниот колега, министерот за финансии Зоран Ставрески над фотографија од лавот напиша дека тоа е новиот грб на Република Македонија, а радоста не ја криеја и некои пратеници, како на пример Александар Николоски, кој напиша „Честито нов грб, радувај се Македонијо“.

Од владиниот коалициски партнер ДУИ соопштија дека и нивните министри гласале за предложеното решение, бидејќи лавот се наоѓал на грбот на многу стари и познати албански семејства.

„Лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана. Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото Скопско кале“, истакнуваат од ДУИ.

Лавот е прифатлив да биде во центарот на државниот грб. Прво, затоа што како хералдика е застапен на грбовите на многу стари и големи албански семејства, впрочем, лавот го има и во грбот на градот Тирана. Второ, прифатлива е и круната, бидејќи го одразува старото Скопско кале, истакнуваат од ДУИ

За да се смени грбот, потребно е двотретинско и бадентерово мнозинство. Причините за сегашниот потег, како што се објаснува во владиниот предлог е враќање кон историските симболи и тоа што Македонија била една од ретките земји во Европа што се уште во обележјето имала советска хералдика. Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија. Златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини требало да го симболизира републиканското уредување на државата. Инаку во 2009 година ВМРО-Народна партија до Собранието достави иницијатива за промена на досегашниот грб со златножолт лав на црвена заднина. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш рекоа дека ќе го поддржат, но само ако за него се обезбеди политички консензус со двотретинско и Бадентерово мнозинство. За ДУИ, пак, тој не беше прифатлив и оценија дека не било дојдено времето за тоа. Тогаш од грбот беше извадена петократаката, исто така по предлог на владата, а барањето на ВМРО-НП не помина.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG