Достапни линкови

Оланд пристигна во Русија


Францускиот претседател Франсоа Оланд пристигна во Москва каде што ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин со кој ќе разговара за кризата во Украина. Руската новинска агенција Интерфакс јавува дека средбата ќе се одржи на аеродромот Внуково каде што авионот на Оланд слета. Друго прашање на агендата за разговори ќе биде француската суспензија на договорот да и продаде на Русија два поморски носачи на хелихоптери. Тој договор беше сопрен како дел од санкциите против Русија поради улогата на Кремљ во немирите во Украина и нелегалното припојување на Крим.
Француските агенции јавуваат дека Оланд е првиот западен лидер кој ја посетува Русија по украинската криза.

XS
SM
MD
LG