Достапни линкови

Јосиповиќ собра потписи за кандидатурата за втор претседателски мандат


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, чија кандидатура за претстојните претседателски избори на 28 декември беше поддржана од владејачката коалиција предводена од Социјалдемократската партија, денеска на Државната изборна комисија и предаде 203.000 потписи од граѓани, потребни за неговото учество на изборите. Освен четирипартиската владејачка коалиција, неговата кандидатура за втор претседателски мандат ја поддржаа и други 14 политички партии. Рокот за предавање на кандидатурите за претседателските избори, потврдени со потписи на граѓани, истекува денеска на полноќ. Кандидатот на коалицијата Сојуз за Хрватска, Милан Кујунџиќ вчера ги предаде документите во ДИК, а кандидатката на главната опозициска партија Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека ќе ги поднесе попладнево. Минималниот број на потписи, кои секој кандидат треба да ги собере е 10.000.

XS
SM
MD
LG