Достапни линкови

Николиќ бара директен контакт со Путин за Јужен поток


Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека ќе иницира директен контакт со рускиот колега Владимир Путин за судбината на гасоводот Јужен поток. Во интервју за весникот Вечерње новости тој рече и дека прво треба да се види дали воопшто ќе се гради Јужен поток и да се анализира договорот, додавајќи дека не може само Србија да има последици од изменетите околности. Николиќ истакна дека „иако е русофил, тоа не значи дека ќе ги запостави српските интереси во корист на Москва“, потенцирајќи дека е убеден оти меѓу двете земји „секогаш е можен договор, па дури и околу ревизија на договорот“.

XS
SM
MD
LG