Достапни линкови

Меркел:Германија ќе продолжи со поддршката на Авганистан


Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека нејзината земја ќе продолжи со поддршката на Авганистан откако војниците на НАТО ќе ја напуштат земјата до крајот на годинава. Таа ова го кажа вчера на заедничката прес конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани кој престојува во официјална посета на Берлин. Меркел објасни дека идната поддршка ќе вклучува обука на безбедносните сили и развојна помош, додавајќи дека Германија има одговорност особено за безбедноста во северен Авганистан. Гани пак рече дека тие разговараат со своите соседи вклучително и Кина за регионален договор за мир и безбедност.

XS
SM
MD
LG