Достапни линкови

Обама го осуди "варварското убиство" на американскиот новинар


Американскиот претседател Барак Обама го осуди како што наведе варварското убиство на американскиот новинар Лук Сомерс за време на обидот за негово спасување. Тој беше држен во заложништво од Ал-Каеда во Јемен од септември минатата година, а во четвртокот Ал Каеда објави видео во кое се закани дека ќе го убие ако САД не ги исполни нивните барање кои не беа наведени. Обама во денешното соопштение вети дека Вашингтон нема да се штеди во напорите да ги спаси Американкците во странство.

XS
SM
MD
LG