Достапни линкови

Убиен американскиот новинар киднапиран во Јемен


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел рече дека американскиот новинар Лук Сомерс бил убиен од бунтовниците за време на операцијата за негово ослободување од киднаперите од Ал-Каеда во Јемен. Во соооштението на Хејгел објавено за време на посетата на Авганистан се наведува дека Сомерс бил убиен од бунтовниците за време на операцијата. Вториот заложник кој не е американски државјанин исто така бил убиен при обидот за спасување. Според Хејгел операцијата била оправдана оти имале убедливи причини да веруваат оти животот на Сомерс бил во опасност. Локалниот огранок на Ал-Каеда во Јемен на четврти декември објави видео на кое се гледа Сомерс а тие се закануваат дека ќе го убијат за три дена ако Вашингтон не ги исполни нивните барања кои не беа наведени. Сомерс беше киднапиран лани во септември во јеменскиот главен град Сана.

XS
SM
MD
LG