Достапни линкови

Русија:Наводите за допинг се со цел дискредитација на рускиот спорт


Претседателот на руската атлетска федерација рече дека е можно да преземат законски дејствија откако германска телевизија извести за сомнежи за систематски допинг меѓу руските атлетичари. Првиот човек на федерацијата Валентин Балакничев рече дека тие веруваат оти документарецот бил провокација со цел да го дискредитира рускиот спорт. Тој додаде и дека федерацијата ги разгледува сите можности да се бори со како што рече неоснованите наводи. Истовремено руската анти-допинг агенција објави дека почнуваат со истрага за наводите. Едночасовниот документарец беше емитуван на германската телевизија ЗДФ/АРФ на втори декември.

XS
SM
MD
LG